Развојните аграрни политики и спроведени мерки даваат позитивни резултати, имаме конкурентно земјоделство, парите се враќаат кај граѓаните.
За само две години, преку мерките на Владата предводена од СДСМ се враќа достоинството на земјоделците, расте побарувачката на производите, како на домашниот така и на странскиот пазар.
За разлика од црните години за земјоделството кога ВМРО-ДПМНЕ ги потценуваше земјоделците, денес трудот на земјоделците се вреднува и цени, откупните цени на земјоделските производи се зголемени, имаме одржливо и конкурентно земјоделство, се повеќе пари завршуваат кај земјоделците.
Откупната цена на краставицата оваа година е зголемена за 145,8 проценти, а ако се спореди со 2013 кога на власт беше ВМРО-ДПМНЕ, цената на краставицата е зголемена за 240 проценти.
За доматите, откупната цена од минатата година е зголемена за 85,5 отсто, а ако се спореди со 2015 цената на доматите бележи раст за 143 отсто.
Кај лубениците е забележан пораст на откупата цена за 115%, споредбено со јули 2015 година.
Оваа година, откупната цена на белото грозје е зголемена на 50 денари, а во 2016 година била 30 денари за килограм, што значи раст 67 отсто.
Откупната цена на сливите, во јули оваа година е зголемена за 18,8 отсто споредбено со минатата година. За 31 отсто зголемена е откупната цена на пиперката.
Зголемувањето на цените директно влијае на повисока продуктивност за земјоделците, како и повеќе пари назад во нивните домашни буџети.
Владата предводена од СДСМ во активна соработка со Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство остануваат целосно фокусирани на подобрување на условите за земјоделците, спроведување на аграрни реформи кои значат помали трошоци и повеќе пари кај секој земјоделец.