Индија и Пакистан да ги намалат тензиите околу Кашмир, порача американскиот претседател Доналд Трамп кој со индискиот премиер Наредра Моди синоќа телефонски разговараа за повеќе регионални теми, стратешкото партнерство меѓу двете земји и за односите помеѓу Индија и Пакистан.
Претседателот Трамп во текот на разговорот повика на зачувување на мирот во регионот, соопшти Белата куќа.
Претходно, Индија овој месец донесе одлука за укинување на Членот 370 од индискиот Устав што се однесува на автономниот статус на Џаму и Кашмир, што автоматски доведе до зголемување на тензиите на ова подрачје.