Историчарот Жозеф Зимет го наследи Силван Форт и станува советник за односи со јавноста на Емануел Макрон, јавува дописникот на МИА.
Речиси седум месеци по заминувањето на Силван Форт, шефот на француската држава има нов советник за комуникации за национални прашања. Жозеф Зимет (46), поранешен генерален директор на меѓуминистерската мисија за стогодишнината од Првата светска војна, ќе работи заедно со Натали Бадон, советник за меѓународни односи на Емануел Макрон.
„Во кабинетот на Претседателот на Републиката, тој ќе биде одговорен за односи со печатот и националната комуникација на претседателот”, вели Елисејската палата, потврдувајќи ги информациите на весникот „Ле Монд”. Шефот на државата немаше повеќе одговорен за однсо со јавноста на национално ниво од заминувањето на Сибет Ндијаи во март 2019 година, назначена за портпарол на владата. Жозеф Зимет е историчар, близок до движењето на Штрос-Кахн, ќе ја преземе функцијата оваа недела.
Жозеф Зимет беше од 2012 година раководеше со церемониите во чест на крајот на Големата војна. Тој особено го организираше „спомен патувањето” на Емануел Макрон на северот и истокот на Франција во есента 2018 година. Претходно, тој беше одговорен за политиката на сеќавања на Министерството за вооружени сили, откако работеше во Градот Париз и Министерството за надворешни работи.
Поранешен сопруг на Рама Јаде (министерка во владата на Никола Саркози), тој беше соработник на социјалистот Кристијан Сотер, поранешен член на владата на Лионел Жоспин и заменик-градоначалник на Париз Бертранд Деланое, задолжен за финансии. Жозеф Зимет не е специјалист за односи со јавноста, признава опкружувањето на Емануел Макрон. Неговата кариера ја покажува желбата на претседателот да се опкружува со луѓе со поширока експертиза, со отвореност во изборот на профили “.
Покрај пристигнувањето на Жозеф Зимет, Елисеј има намера да вработи и повеќе административен профил за водење на службата за односи со јавноста”.