Во Франција беа приведени четири мажи и една жена на возраст од 25 до 45 години под сомнение дека планирале напад врз хотел во кој ќе бидат сместени припадници на жандармеријата за време на средбата на врвот на Г-7 во југозападниот француски град Биариц.
Приведената жена го посочила на социјални мрежи хотелот што е резервиран од жандармеријата додека трае средбата.
Четворицата мажи се осомничени за повик да биде запален хотелот. Средбата на врвот на Г-7 во Биариц ќе се одржи од 24 до 26 август.