Откако небанкарските финансиски друштва своите заложби ги обединија во Асоцијацијата на финансиски друштва чија цел е да го надгледува секторот за финансиски друштва и да поставува унифицирани стандарди на работење, преку подобрување на квалитетот на услугите и преку подигнување на јавната свест за финансиските услуги, воведоа и дополнителен метод за контрола и саморегулација.
Асоцијацијата усвои кодекс за добра пракса што претставува документ со детални обврски и стриктно дефинирани правила на делување на друштвата од оваа индустрија.
Кодексот во својата содржина јасно ги дефинира обврските и правата како на небанкарските друштва, така и на барателите на брзи кредити. Но, многу поважно е тоа што обезбедува дополнителна заштита на интересите на потрошувачите кои добиле или очекуваат да добијат услуга од членовите на Асоцијацијата.
Преку кодексот се практикува одговорно задолжување од страна на клиентите, а друштвата ги оценуваат нивните финансиски услови и способност да ги исполнат обврските. Заштитата се одвива и преку членовите на кодексот каде е дефинирано дека друштвата ја извршуваат услугата во согласност и со надзор од надлежните институции како што се Министерството за финансии, Дирекцијата за заштита на лични податоци итн.
Членовите на Асоцијацијата на своите клиенти им ги обезбедуваат потребните информации за природата на кредитите и истовремено се посветени на едукацијата на населението за што всушност се наменети овие производи, вклучувајќи го фактот дека кредитите не се препорачливи за решавање на претходно постоечки финансиски тешкотии.
Преку кодексот, исто така се гарантира адекватност на одобрениот кредит со финансиските услови на купувачот и спречување клиентот да преземе непотребни финансиски обврски. Затоа, секој член на Асоцијацијата во времето на издавање на кредитот мора да се погрижи за оцена на солвентноста на клиентот во согласност со законодавството и употребата на моделите за личен кредитен ризик.
За да може клиентот да оцени дали условите на предложениот кредит соодветствуваат на неговите потреби и финансиската состојба, пред да го потпише договорот за кредит, од друштвото добива информации потребни за да се споредат различни понуди и да се донесе соодветна одлука за добивање кредит. Дополнително, друштвото член и потписник на овој кодекс му дава на клиентот јасни и недвосмислени информации за вкупните трошоци на кредитот, правилата и начинот за отплата на кредитот, како и за последиците што ќе настанат, доколку клиентот не ги почитува условите на договорот.
Овој Кодекс вклучува критериуми за професионалност, во согласност со фер пазарните практики и принципите за одговорно кредитирање кои се општо прифатени кај небанкарската кредитна индустрија.
Сите седум здруженија, Тиго Фајненс, Диџитал Фајненс, МОГО, Кредисимо, М Кеш, СН Финансии, Иуте Кредит, како членови на Асоцијацијата се обврзани да се придржуваат кон насоките дефинирани во кодексот, a дополнителното ниво на заштита на потрошувачите го овозможува преку членовите во кодексот кои одат во правец на заштита на клиентите од непотребни задолжувања.
Прочитајте повеќе за Кодексот на линкот: Кодекс за добра пракса , и информирајте се околу работата на Асоцијацијата: AFD