Пожарот на Канарските острови и понатаму е активен, поради што евакуирани се 10.000 лица, а го гасат повеќе од 1.000 пожарникари и припадници на службите за вонредна ситуација.
Како што пренесе „АП“, ситуацијата денеска е подобрена, ветрот послабм а температурата пониска.
Во пожарот на островот Гран Канарија досега изгореа над 12.000 хектари шума.
Претседателот на Канарските острово, Анхел Виктор Торес објави на „ТВитер“ дека пожарот ја губи силата и дека срцето на островскиот главен природен резерват Тамабада останало неповредено.
Гран Канарија и главниот град Лас Палмас се познати по плажите и планините и се популарна туристичка дестинација за Европејците.