Ако се суди според информациите кои доаѓаат од хрватските медиуми, првиот човек на Хрватската фудбалска федерација (ХНС), Давор Шукер е веќе на излезната врата од најмоќната спортска асоцијација во земјата.
На последниот состанок „фудбалската влада“ на ХНС од 12 членови, му го завртела грбот на Шукер. Членовите на раководството не го прифатиле предлогот на Шукер за смена на Ненад Грачан од позицијата селекторот на тимот до 21 година. На негово место предложен бил да дојде Горан Томиќ, тренерот на Локомотива.
Никој не ја прифатил ваквата селекторска рокада, што во фудбалските кулоари во Хрватска се толкува дека Шукер ја изгубил веќе довербата кај своите соработници, па ќе мора да си замине од удобната претседателската фотелја.