Руски полицаец се качил на балкон низ прозорец на соседен стан за да спаси петмесечно девојче од нејзиниот татко, кој во пијана состојба се заканувал дека ќе ја фрли ќерка си од третиот кат.
Ужасниот случај на семејно насилство, кој за среќа завршил без жртви, се случил во градот Саранск, 500 километри источно од Москва, пренесе РТ.
Полицијата била повикана на местото на настанот откако пијаниот татко бил забележан како се заканува дека ќе ја фрли својата 5-месечна ќерка од балконот. Дури и ја тресел низ воздухот, држејќи го бебето за нозе.
Полицијата успеала да го скроти човекот од балконот на соседниот стан, кога лидерот на акцијата успеал да влезе во неговиот стан и да го спречи пијаниот маж да ја спроведе намерaта.
Се покажало дека 38-годишниот Русин има полициско досие и дека претходно истиот ден ја нападнал мајката на детето и ја исфрлил од станот облеана во крв.