Најмалку 201 лице загина, а 63 се водат за исчезнати во големите поплави што ја погодија Кина за време на јули и август, соопштија тамошните власти.
Последно поплави се случија во провинцијата Сичуан, каде според последните податоци загинаа 8 лица, а 23 се водат за исчезнати, пренесе „АП“.
Претходно во август, загинаа 39 лица, а исчезнаа 9 за време на удар на тајфунот „Лекима“.
Вкупниот биланс на жрти за јули изнесува 154, а над 1,3 милиони лица се раселени.