Кипарски брод на поморската стража безбедно спроведе до брегот чамец со 33 мигранти, кој пловел покрај овој медитерански остров, соопштија кипарските власти.
Меѓу мигрантите се наоѓале 17 мажи, шест жени, осум бебиња и две поголеми деца, а сите освен еден се од сириска националност.
Не е познато каде се движел чамецот, но полицијата верува дека пристигнал од Сирија.
На властите во Кипар им помагаат Европол и припадниците на Граничната служба на ЕУ – Фронтекс.