Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека ќе разговара со Борис Џонсон во текот на денот за тоа како да обезбедат излегувањето на Велика Британија од Европската Унија да помине колку што е можно полесно.
„Денес ќе разговарам со британскиот премиер, кој доаѓа во посета, за тоа како можеме да го добиеме брегзит со што помалку проблеми затоа што треба да се бориме за нашиот економски раст“, рече Меркел на конференцијата за воздушен сообраќај, пренесува „Ројтерс“.