Објавен е јавен повик за 15. културна манифестација „Бела ноќ”, што ја организираат Град Скопје и Универзална сала. Заинтересираните уметници можат да се пријавуваат до шести септември годинава.
Заинтересираните уметници апликацијата ќе можат да ја симнат од веб-страницата на http://belanok.mk/ , а пополнета ќе можат да ја достават на адресата на Универзална сала, булевар „Партизански одреди” бр. 45, 1.000 Скопје, со назнака „За Бела ноќ” или по електронски пат, на info@univerzalna.com.mk.
– Визуелните, применетите уметности, музиката, филмот, јавната уметност, како и урбаните изведби и перформанси се областите што ќе бидат опфатени и кои скопјани ќе можат да ги видат на „Белата ноќ” во сабота, на петти октомври, се вели во соопштението од Универзална сала-Скопје.
По завршувањето на повикот, учесниците ќе бидат оценети врз основа на квалитетот на делото, иновацијата, карактерот во опсег на предложениот концепт. Конечната селекција ќе биде извршена од страна на организаторот.