Вработен во британскиот конзулат во Хонгконг е уапсен во кинескиот град Шенжен, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи.
Во изјавата на кинеското министерство се вели дека Британецот ги прекршил законите, но не прецизираат за што станува збор, пренесува „Ројтерс“.
Британското Министерство за надворешни работи соопшти дека е „длабоко загрижено“ поради исчезнувањето на вработен во британскиот конзулат во Хонгконг откако заминал за бизнис во Кина.
Министерството соопшти дека побарало информации од Хонгконг и провинцијата Гуангдонг во врска со вработениот, кој бил приведен додека преминувал од кинескиот град Шенжен во Хонгконг, пренесува АП.
Локалните медиуми објавија дека станува збор за Симон Ман-кит, кој е одговорен за прашања поврзани со трговијата и инвестициите.
Тој присуствуваше на деловен настан во Шенжен на 8 август.
За него се вели дека не се вратил во Хонгконг иако планирал да се врати со воз истиот ден.