Четвртина од сите германски жители се со мигрантско потекло, што е најголема бројка досега регистрирана во земјата од 83 милиони луѓе.
Според најновите податоци од 2018 година, 25,5 проценти од граѓаните, или околу 20,8 лица, имаат мигрантски корени, објави германскиот Завод за статистика.
Тоа е зголемување од 2,5 процента во однос на 2017 година. Според дефиницијата на Заводот, лицето има мигрантско потекло ако барем еден родител имал странски пасош за време на неговото раѓање.
Имиграцијата останува актуела тема во Германија и покрај фактот дека брановите на миграција не се ништо ново, пренесува агенцијата, потсетувајќи дека по Втората светска војна милиони работници од Турција помогнале во обновата на земјата.
Многумина од нив не само што не се вратиле во родната земја туку и ги донеле своите семејства.
Неодамна, повеќе од еден милион мигранти избегаа во Германија од војната во Сирија, Ирак и во Авганистан.