Русија мора да ги разгледа конкретните предлози да се врати во Групата 7, доколку тоа биде предложено, рече портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.
„Тешко е да се разбере за што станува збор сега. Затоа, неопходно е разговорите да се пренесат од сфера на јавна забава во професионална, доколку Г7 сака да се постави како сериозен формат“, рече Захарова.
Во меѓувреме, анонимен француски дипломат изјави дека враќањето на Русија во Г7 зависи од нејзиниот напредок во политичкиот процес со Украина.