Израел го нападнал Ирак со согласност на САД и Русија, тврди арапски весник

Во последните неколку недели Израел најмалку три пати нападнал ирански цели во Ирак, како дел од „разбирањето” постигнато со САД и Русија, денеска сопшти арапскиот весник „Ашарк-ал-Авсат”, што се издава во Лондон.

Весникот, повикувајќи се на западни извори, наведува дека биле гаѓани складишта со ракети на Иранската револуционерна гарда.

Во последните неколку недели тоа беа серија на експлозии во складишта со оружје, бази и позиици на воените групи што ја имаат подршката на Иран.

Неименувани извори наведуваат дека Русија и САД се согласиле дека акциите на Израел во Ирак и Сирија се важни „за израелската безбедност” и врз основа на тоа „разбирање” израелските власти не се обврзани да преземаат одговорност за нападите, за уште повеќе да не ја ескалираат и онака чувствителната ситуација во регионот.

Неколку експлозии вчера ги потресоа позициите на Народните мобилизациски сили, воена организација од проирански милиции, стационирани крај воздухопловната база Балад, на 80 километри северно од Багдад.

Очевидци на нападот тврдат дека од експлизиите неколку ракети одлетале во блиското земјоделско земјиште и дека жителите избегале од своите домови стравувајќи ракетите да не паднат врз нив.

„Скај њуз Арабија” јави дека во складиштето експлодирале најмалку 50 ракети.

Аналитичарите наведуваат дека нападот го извел Израел, кој уште лани навести дека може да напаѓа ирански воени цели во Ирак, како што сторил неколку пати претходно во соседна Сирија, во намерата да ги спречи Иранците да се зацврстат во близина на израелската граница.

Безбедносниот аналитичар од Багдад, Хашим ак-Хашими оцени дека ирачката противвоздушна одбрана има многу висока способност да реагира, но дека не може да ги детектира унапредените израелски напади од воздух.

Треба да знаете
Последни објави