Македонските одбојкарки против БиХ во второто коло на Балканското првенство

Македонската одбојкарска репрезентација вечер од 20 часот се среќава со домаќинот Босна и Херцеговина во 2.коло од Балканското првенство во кадетска конкуренција (до 17 години).

Македонија во 1.коло од А-групата ја совлада Албанија со 3:0 (25:9, 25:15, 25:16).

На овој меч се истакнаа Серафимова со 15 и Маројевиќ со 14 освоени поени.

Со евентуална победа над БиХ, македонските одбојкарки ќе направат голем прогрес кон полуфиналето.

Во последното коло, утре македонската селекција ќе се сретне со Бугарија.

Треба да знаете
Последни објави