Тренерот на Јувентус, Маурицио Сари, поради болест ќе ги пропушти натпреварите со Парма и Наполи. Според „Газета дело спорт” на ови средби шампионот ќе биде предводен од Џовани Мартускело.
Тој е му помагаше на Сари кога ја вршеше тренерската функција во Емполи и во Наполи.
Сари нема да седи на клупата на „бјанко-нерите” на почетокот на сезоната поради пневмонија.
Во првото коло од Серија А, на 24 август Јувентус ќе игра против Парма на гостински терен.