Обвинителството на БиХ води истрага за смртните закани упатени кон српскиот член на претседателството на БиХ, Милорад Додик, изречени во коментарите на телевизискиот портал БН, соопшти судската институција.
„Обвинителството на БиХ доби известување од Агенцијата за истраги и заштита на БиХ (СИПА) за заканувачката содржина упатена кон Додик во коментарите на телевизијата БН. Предметот се истражува, не можеме да дадеме повеќе информации или детали“, рече Адиша Карачиќ, висок стручен соработник за односи со јавноста на Обвинителството.