Според ОЈО, Кaтица Јанева ја злоупотребила службенатра положба и овластувања и стекнала имотна корист од 298 илјади денари, околу 5.000 евра односно, еден од осомничените за неа набавил мебел и облека.
При денешниот претрес на полицијата, од СЈО е одземен службенот компјутер на Јанева, а се врши претрес и во нејзиниот дом, потврди обвинителот Јовески.
Под сомнение дека изнудувале пари од бизнисмен за кој се води судска постапка, на кој му ветувале дека ќе влијаат врз јавен обвинител за повлекување на обвинението против него, осомничените Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милевски – Кичеец, се веќе во притвор.