Повеќе од 500.000 граѓани живеат во сиромаштија

Македонската економија е пред тотален колапс. Економијата во Република Македонија e жртва на криминалот и корупцијата на власта предводена од Заев, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ како реакцијата на соопштението на СДСМ.

Во моментов во земјава има повеќе од 500.000 граѓани кои што живеат во сиромаштија. Граѓаните не можат да си дозволат да отидат на годишен одмор, а повеќе од 80 проценти од нив размислуваат и бараат начин како да ја напуштат земјава.

Нивото на реализација на капиталните инвестиции за првите 6 месеци е под 20 проценти, ова е доказ дека Владата на Заев не работи ништо.

Граѓаните на Република Македонија заслужуваат подобро. Заслужуваат држава во која ќе имаа пристоен живот за нив и нивните најблиски, држава во која нема да бидат принудени да размислуваат како ќе го поминат месецот.

На Македонија и е потребна промена, време е да се стави крај на криминалната транзиција и транзиционите политичари. Време е за успешна и економски силна Република Македонија.

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави