Поранешниот италијански премиер Матео Ренци изјави дека е подготвен за соработка со Движењето „Пет ѕвезди”, доколку таа соработа доведе до конструктивен став кон Европа.
-Треба да се обидеме и да формираме влада, доколку е тоа можно, изјави Ренци за телевизијата Франс2.
Ренци се појавува во јавноста само ден по оставката на италијанскиот премиер Џузепе Конте.
Политичарите од Движењето „пет ѕвезди” и Демократската партија на Ренци отворено разговараат за формирање коалиција која треба партијата Лига, на Матео Салвини, да ја испрати во опозиција, пренесуваат британските медиуми.