Кристијано Роналдо (34 години) фудбалерот на Јувентус ги шокира сите со најавата дека би можел да се пензионира од активното играње фудбал следната година. Еден од најдобрите фудбалери на денешницата Португалецот Роналдо потврди дека физички е добро подготвен да одигра на високо ниво уште неколку сезони, но не зборува за неговата подалечна фудбалска иднина.
Роналдо ова го порача во интервју за португалската телевизија „ТВ1“.
– Не размислувам за пензионирањето. Тоа може да се случи и следната година, но исто така може да се случи да играм и до 40 или 41 година. Не знам. Она што секогаш го кажувам е дека уживам во моментот. Тоа е прекрасно и јас мора да продолжам да уживам – истакна Роналдо.
Португалецот во својата прва сезона како фудбалер на Јувентус постигна 21 погодок во Серија А.