Музичарот Џулијан Готијар, кој патувал по реката Мекензи во Канада, бил нападнат и убиен од гризли, според „Би-би-си“.
Музичарот кој патувал за да сними звуци од природата за неговиот проект бил нападнат од ѕверот додека спиел. Биологот Ками Тоскани, кој патувал со Готијар (44), контактирал со локалните власти и рекол дека неговиот другар среде ноќ го одвлекла мечка.
Канадската полиција испратила хеликоптер во потрага по музичарот чие тело било пронајдено следниот ден.
Симфонискиот оркестар на „Британи симфони оркестра“, за кој Готијар работеше како композитор, му оддаде почест соопштувајќи дека тој бил „чувствителен, дарежлив и талентиран човек“ кој „бил многу интелигентен и со чувство за авантура“, објави Индекс.хр.
Готијар е роден и израснат во Канада, но со неговите родители, на возраст од 19 години, се преселил во Франција, каде што живеел.