Кери Симондс (31), партнерката на премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, наводно не добила виза за посета на САД поради својата минатогодишна петдневна посета на Сомалиленд во Источна Африка, регион со сериозни политички немири, птенесува РТ.
Симондс се надеваше дека ќе ги посети САД во наредните неколку дена како дел од својата советничка улога за „Океана“, непрофитна организација со седиште во САД.
Според „Дејли мејл“, во документот од САД се наведува дека Симондс за време на посетата на Сомалиленд, земја која нема дипломатски односи со САД, во 2018 година се сретнала со Музе Бихи Абди, самопрогласениот претседател на нацијата, со кој разговарала за загадување на морето и за практиката на осакатување на женските гениталии.
Симондс требало да ја пријави ваквата посета при аплицирањето во Електронскиот систем за одобрување на патувањата (Еста) за да добие влез во САД. Скрининг-процесот им овозможува на посетителите да патуваат во САД и да се задржат најмногу 90 дена без потреба од официјална виза сè додека не претставуваат ризик по безбедноста.
Пријавувањето на такво патување може да доведе до тоа да биде одбиена апликацијата за визз на Симонд поради политичката нестабилност на Сомалиленд, која .се оддели од Сомалија по граѓанската војна, прогласувајќи независност во 1991 година.
Она што го прави проблемот на Симондс покомплициран за решавање е што таа не може официјално да побара Даунинг стрит да интервенира во нејзино име. Официјални лица изјавија дека нејзината нова улога покрај Џонсон во Даунинг стрит, нема да биде на трошок на даночните обврзници.