Поради непредвидливата политика на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, официјален Техеран би можел да одговори „непредвидливо“, изјави иранскиот министер за надворешни работи, Џавад Зариф.
„Меѓусебната непредвидливост ќе доведе до хаос. Претседателот Трамп не може да очекува да биде непредвидлив, а другите да бидат предвидливи“, рече Зариф во Стокхолм, пренесува „Ројтерс“.