Мебелот од Камчев имал апаратче за прислушување

Ексклузивниот мебел за домот на Катица Јанева, подарок од близок родина на бизнисменот Орце Камчев, пристигнал со дополнителна опрема – апаратче за прислушување, тврдат извори од истрагата. Неофицијално, во каучот, двоседот и фотелјите, кои специјалната обвинителка ги добила на подарок од осомничениот, сокриена била и буба за прислушување, пишува Република.

Наводно, со уредот биле следени разговорите што Јанева ги водела во својот дом, но и нејзините телефонски разговори од фиксен и мобилниот телефон.

Денеска обвинителството наложи конфискација на мебелот добиен како подарок од сопственик на фирма, која е близок роднина на инволвиран во случај кој го води СЈО. Како што тврди изворот, се работи за мебел од фирмата на сестрата на осомничениот во „Империја“.

Треба да знаете
Последни објави