САД ќе преземат сѐ што е можно за да спречат иранскиот танкер да достави нафта во Сирија, изјави американскиот државен секретар, Мајк Помпео.
Тој ја предупреди Атина да не му помага на иранскиот танкер и се закани со санкции доколку дојде до тоа, пренесе „Ројтерс“.
„Јасно дадовме до знаење дека кој ѝ да го допре бродот, кој и да му допушти да се закотви, ризикува САД да воведат санкции“, изјави Помпео.
Тој порача дека САД ќе направат сѐ што е можно за да спречат танкерот да исплови во Сирија.
Грција соопшти дека не добила никакво барање од пловилото да застане на едно од нејзините пристаништа.