Јавното обвинителство во 14 часот ќе одржи вонредна прес конференција
Јавното обвинителство во 14 часот ќе одржи прес конференција во врска со предметот во јавноста познат како “Рекет”.
На прес конференцијата ќе присуствуваат јавниот обвинител, Љубомир Јовески, првиот заменик на републичкиот јавен обвинител, Лилјана Спасоска и основниот јавен обвинител за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска.
Дознаваме и дека во тек е операција за приведување на други лица.