Припадници на грчката крајбрежна стража и „Фронтекс“ денеска спасиле 107 мигранти и бегалци во два одвоени случаи на Егејското Море.
Во првиот случај, 56 мигранти биле спасени кај островот Лезбос и пренесени во пристаништето Скала.
Во близина на островот Кос, пак, екипа на „Фронтекс“ забележала гумен чамец со мигранти, при што, според грчката агенција АНА, спасени биле 51 лице.