Поранешниот менаџер на Челзи и актуелен тренер на Интер, Антонио Конте поднесе нов случај против англискиот клуб, иако тој веќе има освоено еден. Деталите сè уште не се јасни, но според англиските медиуми, ваквите случаи обично вклучуваат обвиненија за неправедно разрешување или дискриминација.
Во април, Конте веќе го доби клубот од „Стемфорд Бриџ” на, кој беше принуден да ја плати целата годишна плата на Италијанецот од 9 милиони фунти. Ова се случи откако двете страни не успеаја да се договорат за висината на обештетувањето.
Овој пат, мотивите на Италијанецот не се чисто финансиски, бидејќи тој може да добие максимум 60,000 фунти ако се потврдат неговите тврдења за погрешно отпуштање.
Конте сакал да продолжи да му нанесува материјална штета на клубот, иако поминаа 13 месеци од неговото разрешување.
Сослушувањето за новиот случај било минатиот петок, а судот треба да донесе одлука во септември.