Претседателот на парламентот во Нов Зеланд, Тревор Малард, денес хранеше шестнеделно бебе, син на еден од пратениците, и тоа додека траеше дебатата за цената на горивата.
Малард повика на ред во парламентот додека го држеше Тутанекаи, син на пратеникот Тамати Кофи и неговиот сопруг, а кој им го роди сурогат-мајка минатиот месец, пренесува АП.
Претседателот се понудил да му го држи бебето на пратеникот додека зборува.
„Има моменти кога можам да бидам корисен“, рече Малард за „Ројтерс“ додавајќи дека се обидува да им помогне на пратениците со деца кога и да има можност.