Сирија во селото Суран, сместено во провинцијата Хама, отвори хуманитарен коридор за цивилите кои сакаат да ги напуштат деловите од Идлиб што се под контрола на терористите под заштита на сириската армија, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи, пренесува „Спутник“.
!Коридорот е отворен за да ги намали страдањата на Сиријците,“ додава Министерството, истакнувајќи дека ќе бидат исполнети сите барања на цивилите.
На почетокот на август стапи на сила долго дискутираното примирје во Идлиб. Сепак, раководството на Вооружените сили на Сирија соопшти дека ќе престане со воените дејствија ако Турција ги исполни своите обврски според договорот меѓу Москва и Анкара, што беше постигнат во Сочи, Русија минатиот септември.
Договорот за примирје предвидува повлекување на средното и тешкото вооружување од контактната линија во областа. Сириските владини сили ги обновија своите активности во северозападниот дел на земјата поради непридржувањето на милитантите кон договорот.