Возач и тројца патници биле повредени, од кои еден потешко, откако со автомобилот во кој се возеле излетале од патот, вчера на локалниот пат за гостиварското село Калиште.
Според полицијата, автомобил „голф“ со скопски регистарски ознаки, го управувал Г.Џ.(20) од селото Калиште. Поради неприлагодена брзина, автомобилот излетал од патот, и со тешки повреди се здобил сопатникот А.Г.
Полесно биле повредени возачот и уште двајца сопатници А.К и А.Р. кои биле пренесени во Ургентниот центар во Гостивар, за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид од увидна екипа од ПС Гостивар.