-Одлично го одигравме натпреварот. Знаевме кои им се добрите и лошите старни и стигнавме до победа која можеше да биде и поубедлива. Имавме прилики за поубедлива победа, не реализирав и јас чиста шанса, но задоволни сме од резултатот без примен гол. Тоа нема да не опушти на реваншот. Одиме понатаму. Ќе играме во групите од ЛШ – вели Адеми, кој пред мечот се пожали на ситна повреда, која не го спречи да ги одигра сите 90 минути.
Розенборг покажа „заби“ на Максимир“ од прекинот на игра, кога топката ја уфрлаше или упатуваше дирекно кон голот на Динамо.
-Мораме да бидеме максимално концентитрани на она што ќе се случува на теренот. Нема опуштање. Штета што не дадовме и трет гол – додава Адемеи, кој според хрватските медиуми е еден од играчите на Динамо кои според минутажата помината на теренот во квалифиакциите од ЛШ, ќе добијат највисока премија од по 100.000 евра, ако нивниот тим го одведат во групната фаза. Динамо пак за ваквото постигнување ќе инкасира повеќе од 20 милиони евра.