Љубителите на добрата македонска музика утревечер од сцената во паркот „Шопен”, во Кисела Вода ќе имаат можност да ги слушнат популарните хитови на Бени Нон Стоп, групата Биоритам и Анастасија Петреска.
„Културното лето Општина Кисела Вода 2019″ и оваа сабота, на посетителите на месноста „Три Круши” ќе им понуди одлична забава со познатите музички имиња Миле Кузмановски, Силви Бенд и Сузана Спасовска. Музичката програма и на двете локации е со почеток во 20:00 часот.
Минатиот викенд, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски го прогласи културното лето за отворено. Тогаш публиката на „Три круши” ја забавуваа Ефто Пупиновски, Дани Димитровска и КУД „Китка” од Драчево.