Возот во Јапонија се движел со брзина од 280 километри на час со отворени врати од Сендаи кон Токио, но никој од патниците не бил повреден, изјави железничкиот оператор.
Проблемот го предизвикал чистачот кој заборавил да го исклучи уредот со кој се регулира отворањето и затворањето на вратите.
Возот принудно запрел во тунелот во Шибата, откако било забележано дека вратата на деветтиот вагон е отворена. Патувањето продолжи по проверката, 15 минути подоцна, јавува новинската агенција Кјодо.
Во возот шинкансен имало околу 340 патници, но никој не стоел кај вратата.
Тој пристигна на својата крајна дестинација со задоцнување од 19 минути. Поради овој проблем било одложено тргнувањето на седум возови, а 3.300 патници го почувствуваа ова нарушување во сообраќајот.