Рускиот хуманоиден робот „Фјодор” првпат одлета во Вселената. Ракетата-носач Сојуз-2.1а полета од космодромот Бајконур, во Казахстан, во 6:38 часот по московско време.
Пред своето полетување, „Фјодор” извика: „Одиме! Одиме!”, повторувајќи ја познатата фраза на славниот руски астронаут Јуриј Гагарин.
We have liftoff of the unpiloted Soyuz MS-14 test flight to pave the way for future crew launches to the International Space Station. #AskNASA | https://t.co/cBNqC61h27 pic.twitter.com/BXKdzNBt4O
— International Space Station (@Space_Station) August 22, 2019
За осум минути и 49 секунди, бродот излезе во земјината орбита и се упати кон Меѓународната вселенска станица. Така тој официјално може да се нарече и астронаут.
Претходно, тој „учеше” и како да пука со пиштол.