Во Мадрид е уапсен маж под сомнение дека снимил над 550 жени под здолниште и тоа го објавил на интернет, јавува „Би-би-си“.
Педесет и тригодишен Колумбиец, наводно, ги снимал со мобилен телефон скриен во ранецот.
Полицијата соопшти дека најмалку 283 видеа биле објавени на порнографски страници и привлекле најмалку еден милион прегледи.
Повеќето од 555 жртви, од кои некои биле малолетни, биле снимани во метрото.
Вакво казнено дело во Шпанија се смета за сексуална злоупотреба и сторителите можат да завршат во затвор, пренесува „Би-би-си“.