Премиерот Зоран Заев вечерва негираше дека разговарал со Боки 13 за Орце Камчев или Катица Јанева.
На новинарско прашање како коментира дека во една од снимките кои излегоа за „Рекет“ Боки 13 вели дека ќе менаџира со премиерот, Заев одговори:
– Нема менаџирање. Никогаш не сум разговарал на таа тема со Бојан Јовановски. Не постоеле разговори со Јовановски на таа тема.
Тој потврди дека случајот „Рекет“ бил прва точка на вечерашниот Централен одбор на партијата и додаде дека ги реафирмирале сите одлуки, декларации за бескомпромисна борба против криминалот и оти се горди што како извршна власт овозможиле правосудниот систе независно да работи. Дека покажале оти во суштина земјава се менува и дека никој не прави притисок врз судиите и обвинителите.
– Вакви случаи кои се мачни за сите во општеството, прашање е како влста се справува со нив. Уверен сум дека ќе излеземе како победници – рече Заев.