Иран нема да започне војна во Персискиот Залив, но ќе се брани, изјави денеска иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф.
„Дали ќе има војна во Заливот? Можам да ви кажам дека ние нема да започнеме војна“, рече тој на Норвешкиот институт за меѓународни работи.
Но, тој истакна дека Иран ќе се брани, пренесува „Ројтерс“.