Крушевчанец криумчарел 45 мигранти

Кумановската полиција вчера во 9.30 часот го уапсила Ј.Х.(36) од Крушево поради осомничен за криумчарење на мигранти.

Според полицијата, дента во 5.45 часот на автопатот Куманово-граничен премин Табановце полициски службеници забележале запрено комбе „фолксваген“ со скопски регистарски таблички, како истовара мигранти.

Во комбето биле пронајдени 45 мигранти (42 од Пакистан, еден од Сирија и двајца од Авганистан). Возачот се обидел да избега но полицијата го пронашла во друго возило „голф“ и го уапсила.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави