Гостите на едно кафуле во општината Бискупија во близина на Книн, го гледале фудбалскиот натпревар на „Црвена звезда“ кога група маскирани мажи влегле во кафулето и ги нападнале, пренесува „Далмација данас“.
Во нападот се повредени пет лица, кои биле пренесени во болница. Според непотврдени информации, еден од напаѓачите имал мачета.
„Дојава за инцидентот добивме околу 22:30 часот. Непознати лица влегле во угостителски објект во Уздоље. Прво вербално, а потоа и физички ги нападнале сопственикот на кафулето и гостите во објектот. Пет лица се здобиле со полесни повреди,” вели Марица Косор, портпарол за полицијата во Шибеник-Книн.
Полициските службеници привеле неколку лица кои биле поврзани со инцидентот во полициската станица за кривична истрага.