Мурињо може да седне на клупата кај ПСЖ

Поранешниот тренер на англискиот фудбалски премиерлигаш Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, може да го преземе кормилото на францускиот гигант Пари Сен Жермен. Ова го објави новинарот Робин Баирнер.

Според него, местото на досегашниот стратег на ПСЖ, Томас Тухел, е неизвесно заради неубедливиот старт на сезоната во Лигата 1. Во првиот натпревар францускиот шампион го совлада Ним со 3:0, но во вториот загуби од Рен 1:2. Деновиве се појавија информации дека играчите на ПСЖ се незадоволни од методите за работа на Тухел.

Мурињо е невработен од декември 2018 година, кога беше отпуштен од Манчестер Јунајтед. Тој во моментов работи како телевизиски коментатор.

Треба да знаете
Последни објави