Винсент Компани нема да игра улога на тренер во Андерлехт, но ќе продолжи да се концентрира на својата работа на теренот, пишува белгиски „ХЛН”.
Лидерот на тимот има 2 реми и 2 порази во првите четири кола од новата сезона. Во последното коло, Андерлехт загуби на гостувањето кај Кортријк со 2:4 и со тоа го запиша најслабиот старт на сезоната во последнава 21 година.
Тимот привлече играчи како Самир Насри, Насер Шадли и Кемар Руф, но досега тоа не даде резултат на теренот.
Затоа Компани реши да се концентрира само на тоа да се претстави добро како играч и капитен на тимот. Негов наследник на функцијата е Сајмон Дејвис, кој е во штабот на дефанзивецот, а претходно беше шеф на академијата на Манчестер Сити.