Еден од најдобрите светски фудбалери и член на Јувентус, Кристијано Роналдо преку Твитер апелира да се подигне свеста за зачувување на природните богатсва. Неговиот пост е предизвикан од шумски пожар во Амазон.
– Амазонските дождовни шуми произведуваат повеќе од 20 % од кислородот во светот, а тие горат изминативе три недели. Наша одговорност е да помогнеме да ја спасиме нашата планета, напиша Роналдо под фотографијата од запалениот „Амазон”.
Претходно на слична тема зборуваше и неговиот клупски колега Пауло Дибала.