Администрацијата на САД на претседателот Доналд Трамп најави нова законска одредба која им овозможува на имиграциските власти да ги задржат семејствата на мигрантите во притворските центри на неодредено време, додека судот разгледува дали да им даде азил во САД.
Според претходната одлука, властите можеа да ги задржат семејствата на мигрантите најмногу 20 дена, пренесува „Ројтерс“.
Во новиот обид да се укине постојниот закон за имиграција, Трамп им рече на новинарите дека неговата администрација сериозно сака да му стави крај на правото на државјанство за децата родени како не-државјани во САД.
На 15 јули администрацијата воведе правило со кое им се забранува на скоро сите имигранти да аплицираат за азил на јужната граница, а на 12 август, одредба со која им се одзема визата на оние кои не заработуваат доволно пари.
Неколку жалби се поднесени против овие одлуки во САД.