Градоначалникот на баварскиот град Графенвер, Едгар Кноблох, рече дека не верува оти американскиот претседател, Доналд Трамп, навистина ќе ги реализира заканите и ќе ги повлече американските трупи од Германија.
Тој истакнал дека во последно време дури и е зголемен бројот на војници и дека се изградени дополнителни инфраструктурни проекти како што се школи и работилници за одржување на воената опрема, пренесе „Хина“.
Повеќе од 10.000 американски војници се стационирани во непосредна близина на гратчето што некогаш се наоѓало блиску до границата со поранешна Источна Германија.
Американската воена база е исто така и најголемиот работодавец во регионот, бидејќи во неа работат повеќе од 3.000 германски цивили.
Американскиот претседател честопати истакнува дека Германија, според него, плаќа премалку за заедничкиот НАТО буџет, заканувајќи се дека ќе ги повлече трупите од Германија и ќе ги пренесе во соседна Полска.