Во Велика Британија ќе се снима документарен филм во три продолженија за рускиот претседател Владимир Путин, а снимањето и продукцијата ги потпишува телевизскиот „Ченл 4“, пренесува „Спутник“.
Телевизијата на својот сајт објави дека овој филм ќе биде приказна за власта на Путин и за тоа како таа го промени светот.
Снимањето ќе се одвива во Русија, САД, Европа и во Велика Британија, а ќе бидат користени и архивски материјали како и интервјуа со Путнин, со луѓе блиски до рускиот лидер и со луже врз кои тој имал најсилно влијание.
Според „Ченл 4“, рускиот лидер се покажал како еден од најзначајните политичари на 21. век.
„Филмот зборува за тоа како Путин, како поранешен разузнувач, повторно ја одреди политиката и какво влијание имаше тоа врз светот,“ посочува извршниот продуцент на филмот, Џејмс Роган.
Во филмот ќе стане збор и за Крим како и за инцидернтот ово Солсбери.