Миграцијата во Велика Британија до крајот на март годинава била најниска од 2013 година, а голем дел од овој пад се должи на намелениот број на мигранти кои пристигнале од земји членки на ЕУ по референдумот за брегзит во 2016 година, покажува официјална статистика.
Растот на миграцијата беше една од главните грижи на оние кои на референдумот одлучија за излезат од ЕУ, но од тогаш, таа загриженост опадна. Покрај тоа, владата на премиерот Борис Џонсон планира да воведе ограничувања на миграцијата од ЕУ, откако Британците ќе го напуштаат сојузот на 31 октомври.
За 12 месеци до март, во Велика Британија се доселиле околу 612.000 луѓе, а се иселиле 385.000, со што миграцискиот биланс изнесува 227.000, најмалку од декември 2013 година, соопшти Националната канцеларија за статистика во земјата.
Овие податоци се базираат на нови експериментални методи со кои би требало да се заобиколат претходните недостатоци што довеле до намалување на реалниот број на долгорочни мигранти од ЕУ и преценување на бројот на студенти што се од земји кои не се членки на ЕУ, а останале во Велика Британија по дипломирањето.